КОРОНАВИРУСОТ ГО ПРЕКИНА СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ И ГИ ЗАТВОРИ СПОРТСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ЗА ПУБЛИКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Европскиот првак Вардар одлучи да не се откаже од поддршката на навивачите на својот утрешен дуел од Лигата на шампионите против Монпелје, спротивно на препораката на Владата спортските натпревари да се играат пред празни трибини до 6 март. Владата ја предложи оваа мерка по денешниот состанок со епидемиолози, со цел да се спречат масовни собири на луѓе, а со тоа и ширење на коронавирусот.

  • Сите фудбалски и кошаркарски натпревари во земјата овој викенд ќе се играат без присуство на гледачи. Тоа ќе го опфати и 21. коло на Првата фудбалска лига, но и најголемото кошаркарско дерби МЗТ Скопје-Работнички.
  • Ракометниот клуб Вардар ги извести своите навивачи дека ќе можат да дојдат на натпреварот од Лигата на шампионите против Монпелје, што се игра утре. Како што објави клубот, одлуката е донесена поради краткиот период за каква било каква, со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана.
  • Македонскиот народен театар соопшти дека ги откажува сите претстави до 6 март, за разлика од Драмски театар и Театарот за деца и младинци. Балетот „Шехерезада“, закажан за 6 март, нема да се изведе во Националната опера и балет.
  • Прекинат е и меѓународниот Струмички карневал, кој почна вчера. Утре требаше да се одржи централниот настан, големото дефиле на маските.
  • „Препораката на Владата се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации“, објави министерот за здравство Венко Филипче.
  • Во Македонија завчера беше регистриран првиот и засега единствен случај на коронавирус.