КЕЈТИ ПЕРИ И ОРЛАНДО БЛУМ ГО ЧЕКААТ ПРВОТО ДЕТЕ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Поп пејачката Кејти Пери објави дека со свршеникот, актерот Орландо Блум го очекуваат нивното прво дете. Пејачката објави дека е бремена преку видеоспотот за нејзината нова песна „Never Worn White“. Пери го открива трудничкото стомаче во последните кадри од четириминутниот спот.

Фото: Капитол рекордс

„Толку сум радосна дека не морам веќе да го кријам стомакот или да носам голема чанта“, напиша таа на Твитер. На Инстаграм пак најави дека бебето ќе се роди налето, во исто време кога ќе излезе и нејзиниот шести албум.

Пејачката и ѕвездата на „Господар на прстените“ и „Пирати од Карибите“ ја почнаа врсаката во 2016, па раскинаа, и по една година се смирија. Тие се свршија лани на Денот на вљубените.