ПОТВРДЕНИ ДВА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА, НА ГЛОБАЛНО НИВО ИМА НАД 100.000 ЗАРАЗЕНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Macedonian police officers wearing faces masks, check the documents of passengers on the border crossing "Tabanovce" (Serbia - North Macedinia) near Kumanovo, Republic of North Macedonia on 25 February 2020.Because of recent cases of corona virus in Italy, Macedonian Government decides to take stronger control on the borders crossing and prepare for any risk of getting the corona virus spread in the country.

Во Македонија има два нови случаи на коронавирус, откриени во денот кога бројката заразени на глобално ниво надмина 100.000. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека се заразени сопружници од Дебар кои неодамна престојувале во Италија.

  • Заразените дебарци се на возраст од 62 и 68 години и влегле во Македонија со автобус на 27 февруари. Нивната состојба е стабилна.
  • Министерот Филипче изјави дека се идентификувани сите 40-ина луѓе кои патувале со нив и ќе бидат тестирани на коронавирус.
  • Коронавирусот прв и досега единствен пат беше регистриран во Македонија на 26 февруари, кај 50-годишна скопјанка која тукушто била вратена од северна Италија.
  • Филипче кажа дека првата пациентка сега е во стабилна состојба и дека има негативен тест.
  • Владата денеска ја продолжи препораката за ограничување на поголеми јавни собири до 13 март, што вклучува и играње спортски натпревари без присуство на публика.
  • Од појавата на КОВИД-19 пред нова година, заразени се над 100.700 луѓе, а починале речиси 3.500.
  • Вирусот досега се проширил во повеќе од 80 држави и територии.