ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО ГОСТИВАР И ШТИП, ИТАЛИЈА ЈА НАДМИНА КИНА ВО БРОЈОТ НА МРТВИ

Скопје. (СМАРТ СДК.МК)

Шест нови случаи на коронавирус се потврдени денеска во Македонија, вклучувајќи четиригодишно девојче, кое сега е најмладиот пациент во земјата.

  • Прв случај на коронавирус е регистриран во Штип и Гостивар откако тој досега се појави само Скопје и Дебар.
  • Ситуацијата и натаму е најкритична во Дебар, каде што има три новозаразени, а еден нов пациент има и во Скопје.
  • Четиригодишното девојче од Штип, кое со семејството се вратило во Македонија на 14 март, се заразило во градинка во Англија.
  • Во Македонија досега се регистрирани 49 заразени, од кои првата пациентка е излекувана.
  • Според министерот за здравство Венко Филипче, сите пациенти се во стабилна состојба.
  • Со 3.405 мртви, Италија денеска ја надмина Кина во бројот на починати, чија вкупна бројка на светско ниво се ближи кон 10.000.