ЗООЛОШКА ВО ХОЛАНДИЈА ГИ ПОКАЖА СВОИТЕ НОВИ ЖИТЕЛИ – ПОЛАРНИ МЕЧИЊА БЛИЗНАЦИ

Хаг, (АП)

Новородени поларни мечиња го имаа своето прво јавно појавување во зоолошка градина во Холандија, но без публика поради мерките за превенција од ширење на коронавирусот.

Близначињата се родија на 27 ноември и додека излегуваа во дворот на зоолошката градина во Утрехт не се двоеја од нивната мајка Фридом.

Раѓањето на близначињата е резултат на програма на Европската Унија која помага во одржувањето на загрозени животински видови. Сѐ уште не е познат полот на мечињата, но вработените подготвија две варијанти: Јуку и Атлас ако се машки, односно Јура и Нова ако се женски.