ТРАМП ИЗГУБИЛ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Њујорк, (Гардијан)

Богатството на Доналд Трамп се намалило за една милијарда долари во изминатиот месец откако пандемијата на коронавирусот затвори деловни и трговски центри, хотели и голф терени што се во негова сопственост.

Во годишниот извештај на „Форбс“ се вели дека богатството на Трамп на 1 март изнесувало 3,1 милијарда долари, а на 18 март, кога берзите беа во најголема паника поради пандемијата, паднало на 2,1 милијарда.

Според „Вашингтон пост“, организацијата „Трамп“ затворила 17 свои поседи низ светот, а останатите работат со намален капацитет.

Актуелната глобална криза довела до тоа 267 луѓе да го изгубат својот милијардерски статус. Моментално, на светот има 2.095 милијардери (во долари), а рекордни 1.062 од нив имале загуба во споредба со лани.

Меѓу новите членови на друштвото е Ерик Јуан, кој ја создаде апликацијата за видеоконференции Зум, чија популарност нагло порасна откако голем дел од светот отиде во карантин.