Врвовите на Хималаи се видливи од индискиот град Пунџаб за првпат во последните 30 години благодарение на драстичното намалување на аерозагадувањето, што се должи на карантинот во кој земјата беше ставена поради коронавирусот.
„Карантинот воведен на 22 март придонесе за значително подобрување на квалитетот на воздухот во земјата“, соопштија од Националниот центар за контрола на загадувањето.
Оттаму додаваат дека промената е забележана во 85 градови.
Некои жители на Пунџаб велат дека првпат во животот можат да ги видат врвовите на Хималаи, од кои некои се високи над 8.000 метри.
„Сега можеме да ги видиме планините покриени со снег буквално од нашите покриви. И не само тоа, ноќе се гледаат и ѕвезди. Никогаш не сум видел вакво нешто“, изјави ѕвездата на крикетот, Харбхаџан Синг.