МОЈАТА СОПРУГА МРАЗИ КОГА РАБОТАМ ОД ДОМА – БАНКСИ СЕ ОГЛАСИ ОД КАРАНТИН

Лондон, (Би-Би-Си)

Мистериозниот графити уметник Банкси го претстави своето најново дело создадено додека е во карантин – стаорци кои прават хаос во купатило.

„Мојата сопруга мрази кога работам од дома“, напиша Банкси под една од петте објавени фотографии на Инстаграм.

(Фото: Инстаграм)

Банкси, кој вообичаено работи на улица, нацрта девет стаорци кои прават неред во она за што се верува дека е неговиот дом.

Тој за последен пат се огласи за Денот на вљубените во февруари, кога остави дело во родниот град Бристол.