Две мачки во Њујорк имале позитивен тест на коронавирус, што се први случаи на заразени домашни миленици во САД.
„Нема место за паника. Нема докази дека домашните миленици можат да го пренесат вирусот на луѓе“, вели д-р Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести и советник во Белата куќа.
Двете мачки имале благи симптоми на респираторна болест, но се очекува да заздрават целосно.
Претходно, осум лавови и тигри во зоолошката градина во Бронкс, Њујорк, имаа позитивен тест на коронавирус. Се верува дека тие се заразиле од чувар кој не покажувал симптоми.
Досега има мал број на изолирани случаи на заразени животни со коронавирус, но ниедна од нив не се разболела сериозно. Научниците засега немаат објаснување за ова.