БИОГРАФСКИ ФИЛМ ЗА ВИТНИ ХЈУСТОН Е НОВИОТ ПРОЕКТ НА АВТОРОТ НА „БОЕМСКА РАПСОДИЈА“

Лос Анџелес, (АП)

Биографски филм за Витни Хјустон е во подготовка, а сценариото го пишува авторот на „Боемска рапсодија“.

„Сакам да танцувам со некого“ (I Wanna Dance With Somebody), насловен според еден од првите хитови на Хјустон, ќе го следи нејзиниот подем од анонимна пејачка до голема музичка ѕвезда и авторите ветуваат дека „тој искрено ќе прикаже каква цена носи славата“.

„Имајќи ги предвид сите мои лични и професионални искуства со Витни Хјустон, од нејзините доцни тинејџерски години до прераната трагична смрт, знам дека целосната приказна за неа досега не е раскажана. Филмот ќе прикаже како нејзиниот музички гениј допрел до целиот свет, додека таа во исто време се борела со своите демони“, изјави музичкиот продуцент Клајв Дејвис, кој ќе учествува во правењето на филмот.

Хјустон продаде над 200 милиони албуми во текот на 25-годишната кариера и освои шест Греми награди.

Автор на сценариото е Ентони Макартен, кој зад себе има четири номинации за Оскар.