Изминаа точно два месеца откако во Македонија беше регистриран прв случај на коронавирус и земјата сега е во фаза кога значително се зголемува бројот на оздравени.
- Во Македонија досега има 1.386 заразени со коронавирус, најмногу во Скопје (471) и Куманово (371), а барем еден случај бил потврден во уште 24 градови.
- Од направените 335 теста во последните 24 часа, 19 биле позитивни (осум во Куманово, три во Скопје, по два во Прилеп, Струга и Велес и по еден во Виница и Гостивар).
- Бројката оздравени стигна до 500, дури 126 повеќе во однос на вчера и ова е најголем пораст во еден ден од почетокот на кризата.
- Министерството за здравство потврди дека од КОВИД-19 починале 49-годишна жителка на кумановското село Липково и 73-годишен скопјанец.
- Коронавирусот досега однесе 61 живот во Македонија.
- На светско ниво досега има речиси три милиони заразени, од кои 203.000 починале, а над 840.000 оздравеле.