ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА НИЗ СВЕТОТ ИЗГЛЕДААТ ТИВКО И НАПУШТЕНО СРЕДЕ ПАНДЕМИЈАТА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Њујорк, (АП)

Место смеа и викање, детски игралишта низ светот денес изгледаат тажно, тивко и напуштено поради пандемијата на коронавирусот.

Од Москва до Мумбај, игралиштата беа затворени како и сите други јавни места и дури се оградени со предупредувачка лента или привремена ограда.

Каракас

 

Се верува дека децата имаат значителна улога во пренесувањето на вирусот, иако самите ретко заболуваат. Во Шпанија, децата седат дома уште од средина на март и оваа строга мерка дури од денеска ќе почне да се ублажува.

Сепак, ќе треба да помине уште некое време пред игралиштата низ светот повторно да заживеат.

Њујорк
Сент Луис
Мумбај
Москва
Хонгконг

(Фото: АП)