Бројот на починати од КОВИД-19 во Македонија порасна на 71, додека по неколку викенди строг полициски час, движењето за 1 Мај, сепак, ќе биде дозволено.
- Уште шест лица починаа од последиците на коронавирусот, а вкупно 71 досега.
- Министерството за здравство објави дека починале три пациенти од Скопје на возраст од 58, 71 и 75 години, двајца прилепчани на возраст од 58 и 63 години, како и 51-годишна тетовка.
- Во последните 24 часа се направени 362 тестирања и 22 биле позитивни.
- Од нив, половина се во Скопје, потоа три во Велес, по два во Гостивар, Куманово и Кавадарци и по еден во Струга и Неготино.
- Во Македонија досега има 1.421 случај на коронавирус.
- Бројката оздравени изнесува 589, 36 повеќе во однос на вчера.
- За разлика од Велигден, за продолжениот првомајски викенд нема да има општа забрана за движење во земјава.
- В петок, сабота и недела, полицискиот час ќе трае од 14 до пет часот, малолетниците ќе смеат да излегуваат само од 12 до 14 часот, а лицата над 67 години од пет до 11 часот.
- Во светот досега има речиси 3,1 милион заразени, од кои починале над 213.000.