Втор ден по ред бројката новозаразени со коронавирусот во Македонија е помала од десет, додека Владата најави постепено враќање на животот во новата нормалност, почнувајќи од следната недела.
- Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека од последиците на коронавирусот почина популарниот ТВ-водител и пејач Драган Вучиќ (65), кој пред осум дена бил префрлен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје откако му се влошиле симптомите.
- Тој е 85. жртва на КОВИД-19 во земјата.
- Откако вчера беа пет, денеска се потврдени седум нови случаи на коронавирус, од направените 199 тестирања.
- Во Македонија досега се регистрирани 1.518 позитивни теста.
- Бројката оздравени порасна на 992, 47 повеќе во однос на вчера.
- По речиси два месеца, следната недела повторно ќе се отворат кафулињата и рестораните, но само терасите.
- Филипче кажа дека се прават и посебни протоколи за отворање на градинките, автошколите, библиотеките и едукативните центри, како и за враќање на клиниките во нормална функција.