„НОКАУТ“ ВЕЧЕРВА СО КОНЦЕРТ ВО ПАРКОТ ВО КАПИШТЕЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Групата „Нокаут“ вечерва (20:30 часот) ќе одржи концерт во паркот во населбата Капиштец, во рамките на програмата на Град Скопје, „Култура во време на корона“.

Претходно, од 19 часот, на истата локација ќе свири рок бендот „Д Планктонс“, а онлајн настап ќе има диџеј Роботек. Сите три настапи ќе бидат стримувани на Фејсбук страницата на Град Скопје.

„До денеска, 100 уметници беа дел од програмата ‘Култура во време на корона‘. На над 20 локации во осум скопски општини се одржаа изложби, видеоарт презентации, перформанси, концерти, настапи на диџеи и театарски изведби. Овие настапи беа пренесувани на Фејсбук страницата и на Јутјуб каналот на Град Скопје и имаа над 400.000 прегледи“, велат од Град Скопје.

Уметниците за настап добиваат 14.500 денари од Град Скопје.