Во Јужна Кореја почна новата бејзбол сезона, но во досега невидени услови.
Во ситуација кога на фановите не им е дозволено да одат на стадион, за мечот Вајвернс-Ханвха на трибините беа поставени паноа осликани со навивачи.
Сите десет тимови се согласија да играат, и тоа на пет стадиони. Притоа се преземаат низа заштитни мерки за играчите, тренерите и официјалните лица. Од сите се бара да носат маска, забрането е да се џвака тутун покрај теренот, а Корејската бејзбол организација наводно проверува дали играчите и тренерите имаат треска пред да влезат на стадион.