Светот ноќеска уживаше во третата и последна супермесечина за оваа година, која во исто време се нарекува цветна месечина.
Таа уследи по годинашната најголема и најсветла супермесечина во април, но, сепак, беше поспектакуларна од типична полна месечина, од која беше за шест проценти поголема. Нејзиното име доаѓа од периодот на плодност и цутење на цвеќињата што се случува во текот на мај.
Феноменот на супермесечина се случува кога Месечината доаѓа во својата најблиска позиција до Земјата, па затоа изгледа поголема и посветла.