ПАРК ВО ЊУЈОРК НАЦРТА КРУГОВИ НА ТРЕВАТА ЗА ДА СЕ ОДРЖУВА ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА

Њујорк, (Дезин)

Тревата во паркот Домино во Њујорк е исцртана со бели кругови од креда, за да се потсетуваат жителите да одржуваат физичка дистанца, како превентивна мерка од ширењето на коронавирусот.

Паркот во Бруклин е еден од првите во градот кој смисли нов начин на практикување на препорачаното растојание од два метра.

Фото: Дезин

Вработените во паркот за четири часа ги нацртале круговите. Има околу 30 кругови со дијаметар од 2,4 метри.