Бил Клинтон најави излегување на својот втор трилер роман за поранешен претседател на САД чија ќерка ќе биде киднапирана.
Клинтон има една ќерка, Челзи, која исто така е писателка и потпретседателка на Фондацијата Клинтон. Тој и за втората книга, насловена „Ќерката на претседателот“, соработува со авторот на бестселери Џејмс Патерсон, исто како и за политичкиот трилер „Претседателот е исчезнат“.
Објавувајќи ја веста, издавачот „Сенчри“ рече дека романот ќе содржи „информации и детали кои само еден претседател може да ги знае“. Романот ќе излезе во јуни 2021.
„Ќерката на претседателот“ не е продолжение на романот од 2018 и ќе има сосема нови ликови. Првата книга се продаде во 3,2 милиона примероци.