РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА КАФУЛИЊАТА ЌЕ БИДЕ ДО 20 ЧАСОТ КОГА УТРЕ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ОТВОРАТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Работното време на кафулињата и на останатите угостителски објекти ќе биде до 20 часот кога утре повторно ќе бидат отворени по повеќе од два месеца. Ова го објави министерот за економија Крешник Бектеши, додавајќи дека во првата фаза ќе биде дозволено да работат само летните тераси.

Според протоколот изработен од Комисијата за заразни болести, на една маса ќе можат да седат најмногу четири лица.

Нема ограничувања дека тие треба да бидат од исто семејство. Задолжително ќе биде да има растојание меѓу масите. Доколку локалите се придржуваат до препораките, ќе бидат отворени и затворените објекти“, кажа Бектеши.

Владата вчера донесе одлука за повторно отворање на кафулињата, рестораните и кафеаните, во рамките на последната фаза од олеснувањето на коронамерките.