Само три дена по укинувањето на најголемиот дел од рестриктивните мерки, во Македонија е регистриран најдрастичниот пораст на бројот на заразени со коронавирус од 18 април.
- Министерството за здравство ја потврди смртта на уште четири лица од КОВИД-19: двајца пациенти од Скопје на возраст од 73 и 76 години, 55-годишна тетовка и 82-годишен велешанец.
- Со тоа вкупната бројка починати се искачи на 126.
- Во изминатите 24 часа се потврдени 52 нови случаи на коронавирус, што е рекордна дневна бројка од 18 април.
- Повторно најмногу се во Скопје – 26, па следуваат Тетово со девет, Штип со седум, Куманово со шест, Струга со два и еден во Велес и Кочани.
- Во Македонија досега има 2.129 заразени, од што 487 се активни случаи.
- Оздравеле 1.516 лица, 30 повеќе во однос на вчера.