МАКЕДОНИЈА ЈА ЗАВРШИ НЕДЕЛАТА СО УШТЕ 111 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, ВКУПНО 802 ЗА СЕДУМ ДЕНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Петти ден по ред, во Македонија се регистрирани повеќе од 100 нови случаи на коронавирус, за крај на неделата во која што имаше најголем пораст на бројот на заразени од почетокот на епидемијата.

  • Педесет и тригодишна пациентка од Струга и 80-годишен прилепчанец се последните жртви на КОВИД-19 во земјата, зголемувајќи ја вкупната бројка мртви на 153.
  • Во изминатите 24 часа биле направени 854 тестирања, од кои 111 имале позитивен резултат, 14 помалку во однос на вчера.
  • Скопје повторно бележи најголем дневен пораст – 63, па следуваат Штип со 12 и Куманово со 11.
  • Македонија ја надмина границата од 3.000 заразени и сега е на 3.025.
  • Бројката драстично се зголеми во последните седум дена, кога се потврдени вкупно 802 нови случаи.
  • Моментално има 1.226 активни случаи, од кои 658 во Скопје, а оздравеле 1.646 лица.