НАУЧНИЦИТЕ СНИМИЈА 64.000 ЗЕЛЕНИ ЖЕЛКИ КАКО МИГРИРААТ ЗА ДА ПОЛОЖАТ ЈАЈЦА

Сиднеј, (Си-Ен-Ен)
default

Австралиски научници направија неверојатни снимки со дрон кои прикажуваат илјадници зелени желки како се собираат покрај брегот на Големиот Корален Гребен за време на сезоната на гнездење.

Рејн Ајленд е дом на најголемата колонија на зелените желки на светот и научниците сега велат дека ги има речиси двојно повеќе од она што претходно се мислеше, иако тие остануваат загрозен вид. Користејќи дронови и бели ознаки на возрасните желки, тие утврдиле дека нивната популација брои околу 64.000 единки.

Зелените желки живеат во тропски и суптропски води и поминуваат долги дистанци меѓу местата на кои што се хранат и плажите каде што положуваат јајца.

„Доста го потценивме нивниот број. Откривме дека ги има 1,73 пати повеќе од она што досега се мислеше“, изјави д-р Ендрју Данстен од Одделот за животна средина и наука во владата на Квинсленд.