ЕВРОПСКАТА МИСИЈА СОЛАР ОРБИТЕР ГО ИМАШЕ ПРВОТО БЛИСКО ПОМИНУВАЊЕ ДО СОНЦЕТО

Париз, (Би-Би-Си)

Европското вселенско летало Солар Орбитер го направи своето прво блиско поминување до Сонцето, доаѓајќи на далечина од 77 милиони километри. Само пет мисии досега имаат навлезено подлабоко во Сончевиот систем.

Тоа беше лансирано во февруари и неговата мисија е да го истражи динамичното однесување на Сонцето. При блиското поминување, Солар Орбитер се нашол меѓу орбитите на Венера и Меркур.

Во наредните години, Солар Орбитер ќе се доближи уште повеќе и на моменти ќе биде на 43 милиони километри од Сонцето. Земјата кружи на околу 149 милиони километри од Сонцето.

Ова е прва мисија која ќе обезбеди снимки од јужниот и северниот пол на Сонцето, што ќе овозможи подобар увид во неговото моќно магнетно поле и како тоа влијае врз Земјата.