Во услови кога на теретаните и фитнес центрите сѐ уште не им е дозволено да продолжат да работат, јога вежбите во Торонто почнаа да се одржуваат на отворено.
Ова е овозможено со поставувањето на 50 приватни, чисти куполи кои гарантираат безбедна физичка дистанца меѓу оние кои вежбаат.
„Сега повеќе од кога било е важно да работиме заедно за да им обезбедиме на луѓето сигурни и креативни начини да останат здрави и активни додека истовремено се почитува социјалната дистанца“, изјави Стив Георгиев, основач на „Имнтс аутдор студио“, кое се здружи со локални фитнес центри и инструктори во реализацијата на овој проект.
Секоја купола е над два метра висока и три и пол метри широка, обезбедувајќи доволно простор за едно лице да земе учество во часовите.