САД ИМААТ 782 МИЛИЈАРДЕРИ ПОВЕЌЕ ОД ФИНСКА, НО СЕ ДАЛЕКУ ОД НЕЈЗИНИОТ СТАТУС НА НАЈСРЕЌНА ДРЖАВА

Њујорк, (Гардијан)

САД и оваа година имаат најмногу милијардери на светот (788, од кои 113 живеат во Њујорк), при што нивниот број се зголемил за 12% во споредба со лани. Во исто време, секој осми Американец живее под границата на сиромаштија.

Финска е „најсреќната држава на светот“, а има само шест милијардери. Јапонија, држава со втор најдолг животен век и трет највисок бруто домашен производ на светот, има 26, а Велика Британија, која важи за најизедначената земја на светот, 45. Сите три држави обезбедуваат бесплатно здравство, за разлика од САД.

Многу основни услуги што останатите развиени држави им ги обезбедуваат на своите жители како минимум не им се достапни на Американците.

  • Ако сакате да бидете високообразовани во САД, мора да бидете или богати или да влезете во голем личен долг, затоа што школарината за колеџ се движи меѓу 10.000 и 40.000 долари, а во врвните институции и до 50.000. Според податоците од 2017, САД ја имаат најскапата школарина на светот, додека во Данска, на пример, на студентите им се плаќа да одат на факултет.
  • Во САД не постои национална политика на платен одмор и тоа зависи од компаниите. Според некои проценки, секој четврти Американец не оди на одмор секоја година. Поточно, САД се единствената богата економија на светот без политика на платен одмор.
  • Во САД нема ниту национална политика на платено породилно отсуство и ова постои само во три сојузни држави, Калифорнија, Њу Џерси и Роуд Ајленд. Исто така, целосна дневна грижа за дете може да чини десетици илјади долари годишно.
  • Американците живеат пократко од луѓето во слично богати земји и меѓу нив, САД најчесто се рангираат на последното место според квалитетот на здравството и неговите достапност и рамноправност.