САГРАДА ФАМИЛИЈА ВО БАРСЕЛОНА ПРВО СЕ ОТВОРИ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Барселона, (АП)

Саграда фамилија, најпопуларната туристичка дестинација во Барселона, денеска ги отвори своите врати за првпат по речиси четири месеци, но само за ексклузивни посетители.

Недовршената црква на Антонио Гауди ги покани здравствените работници и нивните семејства на посета како благодарница за нивната неуморна работа во изминатиот период. Почнувајќи од денеска, тие во неколку групи ќе можат да влезат во црквата.

Во втората фаза од отворањето, таа ќе биде достапна за сите жители на Барселона, а засега не е познато кога ќе почне да прима посетители од други градови.

Саграда фамилија лани ја посетиле 4,5 милиони луѓе.