„ТОП ГАН 2“ ОДЛОЖЕН ЗА 2021, А „АВАТАР 2“ ЗА 2022 ГОДИНА

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Вториот дел на „Топ ган“ нема да излезе оваа година, додека истовремено и „Дизни“ донесе одлука за (повторно) одложување на неколку свои големи наслови.

Место на 23 декември, „Топ ган: Маверик“ ќе има премиера дури на 2 јули 2021, но уште поголем удар доживеа блокбастерот „Мулан“, чие излегување сега е одложено на неодредено време, со што летната холивудска сезона се соочува со целосна пропаст.

Фановите ќе се начекаат да го видат продолжението на „Аватар“, кое е поместено за декември 2022, додека нов филм од серијалот „Војна на ѕвездите“ доаѓа во кината дури во декември 2023.

Кината во САД остануваат затворени најмалку до средина на август.