СО 77 МАЖИ И 43 ЖЕНИ ПРАТЕНИЦИ КОНСТИТУИРАНО ДЕСЕТТОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со 116 гласа „за” и ниеден „против“ од присутните пратеници денеска во салата Голема купола, согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на ковид-19, се конституираше новиот собраниски состав.

  • По девет парламентарни состави во самостојна Македонија, денеска во Собранието се конституираше десеттиот.
  • На изборите кои се одржаа на 15 јули коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат.
  • На седницата присуствуваа 117 од вкупно 120 пратеници на седницата.
  • Четириесет и три жени освоија мандати во овој пратенички состав, додека 77 пратеници се мажи.
  • Претседателот на државата Стево Пендаровски во рок од 10 дена треба да се консултира со партиите, да види која има обезбедено парламентарно мнозинство и да го даде мандатот за формирање нова влада.