Холандскиот град Арнем направи 10-годишен план за обнова на зеленилото за да може да се справи со екстремните поплави, но и горештини, предизвикани од климатските промени.

Поплавите, сушата и горештините веќе му прават голема штета на градот, кој се наоѓа на 13 метри надморска висина и затоа Советот на градот си постави за цел да го намали количеството на асфалт за 10 проценти до 2030.

Одредени патишта ќе бидат заменети со зеленило, а ќе се посадат и дрвја за да обезбедат сенка и свежина во останатите делови од градот.

Замената на асфалтот со зеленило ќе помогне за справувањето со поплавувањето, и Арнем планира 90 отсто од дождот да биде пренасочен во канализацискиот систем.