Архитектонското студио на Заха Хадид го претстави дизајнот за зградата Шангај кампус во Кина, која ќе користи технологија за обвновлива енергија и рециклирани материјали.
Станува збор за зграда на кинеската компанија за обновлива енергија Си-И-Си-Пи, која ќе се гради во северно-источен Шангај, покрај реката Хуангпу. Објектот има форма на три меѓусебно испреплетени кули, делови за рекреација како и урбан парк.
Дизајнот го разви директорот на студиото на славната архитекта која почина во 2016, Патрик Шумахер.
„Новата зграда на Си-И-Си-Пи е дизајнирана да биде најзелената зграда во градот, со одржливост вградена во секој аспект на нејзиниот дизајн и конструкција“, вели тој.
Tоплинската маса и надворешното засенчување ќе се користат за затоплување и ладење во тандем со системи за обновување на отпадот. Термичкото складирање на мраз ќе произведува мраз во текот на ноќта, а потоа ќе се користи за климатизација следниот ден и со ќе се влијае на намалување на побарувачката на енергија за време на дневните часови. Дождовницата ќе се искористи за наводнување на зелените површини и уредување на земјиштето низ целиот простор од 218 илјади квадратни метри.