Бебе на африкански слон чие раѓање во зоолошка градина во Мексико се пренесуваше во живо на интернет го доби името Зум, според апликацијата за видеоконференции, која стана популарна за време на пандемијата на коронавирусот. Тоа е шесто бебе родено во зоолошката градина во Пуебла од стадото слонови кое пред осум години било спасено од ловокрадци во Намибија.
„Раѓањето на слон навистина ретко може да се види. Ова може да биде многу корисно за науката“, изјави Френк Карлос Камачо, директорот на паркот „Африкам Сафари“, каде што Зум беше снимен како се игра околу нозете на мајката.
Тој вели дека планираат слоновите во иднина да ги вратат во Африка.
„Тие не се наши, тие му припаѓаат на светот. Сакаме тие да бидат во Африка, но сегашните услови таму се тешки“, додаде Камачо.