НА МАКЕДОКС ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРА НА „СИТЕ ЌЕ УМРЕМЕ“ ОД САШКО ПОТЕР МИЦЕВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Краткиот документарец „Сите ќе умреме“ на Сашко Потер Мицевски ќе има премиера вечерва на МакеДокс, во 21 часот во паркот на МКЦ.

Во 25-минутниот филм, преку погребалниот бизнис се третираат веќе познати теми на економска несигурност и индивидуалните егзистенцијални дилеми во локален, типичен балкански контекст.

Ова е втор документарец на Сашко Потер Мицевски, а неговиот претходен филм е „(Вон)земјанинот Ли“. Тој работи и на бројни домашни и странски филмски и ТВ проекти. „Сите ќе умреме“ е во продукција на „Хауском“ и продуцентот Илија Тирицовски, во копродукција со „ОХО продукција“.