„ПРОФЕСОРОТ“ НА ЈОРДАН ДУКОВ ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРНО НА МАКЕДОКС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Долгометражниот филм за гевгелискиот професор Илија Џаџев вечерва од 21 часот премиерно ќе биде прикажан на фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс.

Во режија на Јордан Дуков, кој е и автор на сценариото, „Професорот“ го следи необичниот животен пат на Џаџев (1926-1991): музичар, гитарист, поет, филозоф и професор по географија, кој одржал повеќе од 6.000 бесплатни концерти низ светот и пропатувал четири милиони километри.

Директори на фотографија се Кристијан Караџовски и Доријан Миловановиќ, кој ја правеше и монтажата. Филмот кој трае 75 минути е во продукција на „Кадар“ и „Машина продукција“.