ХАРИ И МЕГАН ПОТПИШАА ДОГОВОР СО „НЕТФЛИКС“

Њујорк, (Ројтерс)

Принцот Хари и Меган Маркл потпишаа повеќегодишен продукциски договор со стриминг гигантот „Нетфликс“. Во рамките на ова партнерство, бившата кралска двојка ќе продуцира документарци, долгометражни филмови, серии и детски програми, за кои засега не се познати детали.

„Нашиот фокус ќе биде создавање содржини кои информираат и истовремено даваат надеж. Како нови родители, правењето инспиративни семејни програми е многу важно за нас“, соопшти двојката.

Ова следува шест месеци откако Хари и Меган се повлекоа од кралските задолженија и се преселија во Калифорнија.

„Нетфликс“ претходно потпиша сличен договор и со Барак и Мишел Обама.