ДВЕЈН ЏОНСОН И ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО КОРОНАВИРУС

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Најплатениот актер на светот Двејн Џонсон откри дека тој и целото негово семејство биле заразени со коронавирус. Поранешниот борач кажа дека тој, сопругата и двете ќеркички го фатиле вирусот, иако биле дисциплинирани во почитувањето на мерките.

„Позитивните тестови беа големо разочарување. Но, го надминавме вирусот и веќе не сме заразни. Сите сме здрави“, изјави 48-годишниот Џонсон.

Тој додаде дека се заразиле пред две и пол недели од многу блиски семејни пријатели, кои, пак, не знаеле од каде го фатиле вирусот.

„Можам да ви кажам дека ова беше една од најпредизвикувачките и најтешки работи низ кои што помина моето семејство. Ние имавме среќа, зашто не сите излегуваат од ова здрави и силни. Носете маска, тоа е факт“.

Џонсон во изминатите 12 месеци заработил 87,5 милиони долари, што го направи најплатен актер на светот.