ТРИЕСЕТ ГОДИНИ ПО ПРЕМИЕРАТА, КОПОЛА ГО ПРЕПРАВИ „КУМ 3“

Лос Анџелес, (АФП)

Во декември ќе излезе нова верзија на третиот дел на култниот филм „Кум“ на режисерот Френсис Форд Колопа, најави филмското студио „Парамаунт“.

Третиот дел излезе во 1990, 16 години по второто продолжение и не помина баш славно и најдобро кај публиката, па затоа, како што соопшти студиото, новата верзија ќе јa добие „оригиналната визија за финалето“ на Копола и сценаристот Марио Пузо.

„За оваа верзија на финалето направив нов почеток и крај и преправив некои сцени, кадри и музички делови. Со овие промени, ова е за мене посоодветен заклучок на трилогијата“, изјави Копола за АФП.

Новата верзија со изменет наслов „Кум на Марио Пузо, Кода: Смртта на Мајкл Корлеоне“ ќе излезе во ограничен број на кина, во чест на 30-годишнината на филмот, а потоа и на стриминг платформите.