ВИЛИЈАМ ЌЕ МУ БИДЕ КУМ НА ХАРИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Принцот Хари побара од својот брат принц Вилијам да биде негов кум на свадбата со Меган Маркл на 19 мај, објави палатата Кенсингтон.

Хари беше кум на венчавката на Вилијам со Кејт Мидлтон во 2011 година.

Венчавката на Хари и Меган ќе се одржи во капелата „Сент Џорџ“ во замокот Виндзор. Над 600 гости се поканети на свеченоста, плус 1.000 луѓе од јавноста.

Во соопштението на палатата стои: „Војводата од Кембриџ е почестен што оваа функција е побарана од него и со голема радост очекува да му даде поддршка на својот брат“.