СЛАВЧО КОВИЛОСКИ СО ПРЕМИЕРА НА ХИП ХОП ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ЊУЈОРK: АЏИЛАК“ ВЕЧЕРВА НА СИНЕДЕЈС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
DCIM100GOPROGOPR0591.JPG

Музичкиот документарец „Њујорк: Аџилак“, во режија и кинематографија на Славчо Ковилоски, вечерва од 22 часот ќе има македонска премиера на 16. фестивал на европски филм Синедејс, што ќе се одржи во паркот Ибни Пајко во Скопје.

Продуцентот Александар Ковилоски ни рече дека хип хоп документарецот е патешествие по улиците на Њујорк.

„Хип хопот е роден во Њујорк и секој кој се ориентира кон овој правец, и како музичар и како активист, посакува барем еднаш во животот да го посети овој град, гетата и местата каде што се развиваше оваа култура“, изјави продуцентот за СМАРТ СДК.МК.

Филмот е сниман во 2018 со четиричлена екипа и две години бил во фаза на продукција. Светската премиера била минатиот месец во Хрватска, а следниот месец оди за Србија.

Додава дека сите тие културни влијанија, расни проблеми и борби за права се прикажани во културна смисла. Главна цел е да се направи паралела помеѓу развојот на хип хопот во САД и Европа, поточно во Македонија, каде што овој музички правец се појави на почетокот на 1990-ите.

Синедејс почна вчера и ќе трае до 24 септември.

Б. НЕСТОРОСКА