Популарната анимирана серија „Саут парк“ се враќа на 30 септември со специјална едночасовна епизода посветена на пандемијата на ковид-19.
Епизодата е насловена „Специјално за пандемијата“, соопшти ТВ-мрежата „Комеди сентрал“, а во објавеното видео се гледаат ученици кои седат во училишните клупи со паравани и маски и место наставници, пред нив стојат полицајци со визири.
Анимираната комична серија, која трае од 1997 година, не пропушта да коментира актуелни случувања. Специјалната епизода ќе биде достапна на „Ејч-Би-О макс“ 24 часа по премиерата, но засега не е објавено кога ќе почне да се емитува новата, 24. сезона.