Тарантули и бубачки затворени во мали кутии налик на соби претставуваат декорација на бар во Шангај, дело на локалното дизајнерско студио „Ателје Икс-Ју“. Тие велат дека го дизајнирале барот „Џеј Бороски“ за да ја одразат страста на сопственикот кон инсекти.
Шанкот долг 12 метри доминира во барот и рамка со решетки од тиково дрво се движи од зад шанкерот кон таванот, а во секој простор налик на соба има по една бубачка. Вкупно се 1.254.
Има и ѕид со стаклени тули, во кои има блокови со 42 тајландски црни тарантули.