КЛИНТ ИСТВУД НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СНИМА НОВ ФИЛМ НА 90 ГОДИНИ

Лос Анџелес, (Гардијан)
FILE - In this Jan. 3, 2020 file photo, Clint Eastwood arrives at the AFI Awards in Los Angeles. Eastwood turns 90 on Sunday, May 31. (Photo by Jordan Strauss/Invision/AP, File)

Клинт Иствуд во мај наполни 90 години, но не планира да запре да снима филмови. Извори од „Ворнер брос“ открија дека неговиот следен проект ќе биде насловен „Cry Macho“, каде што ќе биде режисер, главен актер и продуцент.

Оваа авантуристичка драма ќе се базира на истоимениот роман на Ен Ричард Неш од 1975 година и негова филмска адаптација првпат беше најавена на Канскиот фестивал во 2011, при што Арнолд Шварценегер требало да биде во главна улога.

Cry Macho“ раскажува приказна за поранешна ѕвезда на родео која за 50.000 долари треба да одведе мексиканско момче кај татко му во Тексас.

Иствуд е познат по тоа што брзо снима филмови за мал буџет. Од 2010 година, тој режираше дури осум филмови, а вкупно 38 во кариерата.