Македонија бележи нов рекорд откако за првпат од почетокот на епидемијата во еден ден се регистрирани повеќе од 300 нови случаи на коронавирус.
- Во последните 24 часа потврдени се 317 нови случаи на зараза, дури 92 повеќе во споредба со вчера, при што биле направени 1.990 тестирања.
- Тие се распределени во 22 градови, од 182 во Скопје до еден во Охрид, Неготино и Ресен.
- Претходниот дневен рекорд од 243 нови случаи го имавме во саботата, а во последните пет дена бројот на заразени порасна за 1.059.
- Македонија се ближи кон бројката од 20.000 случаи на коронавирус и сега е на 19.413.
- Ковид-19 однесе уште четири животи во земјата, а вкупната бројка починати досега изнесува 772.
- Бројот на активни случаи е 2.892, а досега оздравеле 15.749 лица.