Првата албино ајкула на светот е фатена покрај брегот на Велика Британија. Педесетгодишниот Џејсон Гилеспи рибарел со свои пријатели покрај Ајл оф Вајт, кога фатил целосно бела ајкула долга еден метар.
„Рибарам повеќе од 30 години и никогаш не сум видел вакво нешто. Ова е улов што се случува еднаш во милион“, изјави Гилеспи.
Тој кажа дека ја држеле ајкулата помалку од една минута, а по фотографирањето, ја вратиле назад во океанот.
Се верува дека белата боја на ајкулата се должи на генетската состојба наречена леукизам, при што кожата на животното не е во состојба да произведува пигмент. Вакви животни многу ретко се среќаваат затоа што немаат големи шанси да преживеат во дивина поради тоа што немаат природна камуфлажа.