ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПРВПАТ НАД 400 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЕДЕН ДЕН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Бројот на нови случаи на коронавирус во Македонија за првпат отиде над 400, како што пандемијата добива нов голем замав низ цела Европа и многу држави бележат дневни рекорди.

  • Во изминатите 24 часа се регистрирани 445 нови случаи на зараза од направените 2.080 тестирања.
  • Најмногу од нив се во Скопје – 249, па следуваат Струмица со 36, Прилеп со 25 и Тетово со 16.
  • Претходниот рекорд од 386 новозаразени е забележан на 9 октомври.
  • Од почетокот на епидемијата во Македонија има 21.636 заразени.
  • Ковид-19 однесе уште девет животи во земјата, со што вкупната бројка порасна на 809.
  • Бројот на активни случаи се искачи на 4.236, од кои речиси половина се во Скопје.