БАЛКАНСКИ РИС СНИМЕН НА ГАЛИЧИЦА ЗА ПРВПАТ ПО НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Балкански рис, едно од најзагрозените животни во Македонија, е снимен во националниот парк Галичица за првпат по неколку децении.

Фотографиите биле направени викендов со фотозамки поставени покрај оградата на репродуктивниот центар за елени, што се наоѓа во рамките на паркот. Оттаму се надеваат дека Галичица ќе стане постојано живеалиште на балканскиот рис, кој во Македонија се среќава главно во националниот парк Маврово, при што се претпоставува дека во дивина има само неколку десетици единки.