Малиот канадски град Азбест одлучи да го промени името со цел да се оттргне од својата рударска традиција. Дом на околу 7.000 луѓе, тој отсега ќе се вика Вал-де-Сорс, што било избрано по долг процес на консултирање и неколку круга на гласање.

Овој град своевремено бил локација на најголемиот рудник за азбест на светот, добивајќи го името по овој минерал. Рудникот беше затворен во 2011 година.

Градскиот совет заклучи дека оваа поврзаност ги одвраќа странските инвеститори, па минатиот ноември го почнал процесот за преименување. Промената ќе стане формална пред нова година.

„Тоа ќе биде убав божиќен подарок. Новото име е инспирирачко за иднината“, кажа градоначалникот Игез Гримар.

Азбест своевремено важел за чудесен минерал и на големо се користеше во градежништвото, но од средина на 20. век голем број истражувања почнаа да го поврзуваат со смртоносни болести.