АВСТРИЈА ОТПЕЧАТИ ПОШТЕНСКА МАРКА НА ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА ИНСПИРИРАНА ОД КОВИД-19

Виена, (Ројтерс)

Австриската пошта се инспирираше од пандемијата на коронавирусот за да издаде поштенска марка отпечатена на тоалетна хартија, која притоа ги потсетува луѓето да одржуваат социјална дистанца.

Поштенската марка со вредност од 2,75 евра е широка 10 сантиметри, односно една десетина од метар, што е препорачана мерка од владата за одржување физичка дистанца. На марката е прикажано бебе слон, кое во Австрија се користеше како симбол за почитување на оваа дистанца.

Тоалетната хартија од почетокот на коронакризата беше најкупуван продукт во целиот свет и на австриската пошта ѝ требаа неколку месеци да ја реализира својата идеја поради недостиг на материјал.

(Фото: Ројтерс)

„Домашната тоалетна хартија долго време беше распродадена и беше тешко да се обезбедат потребните количини за да ја направиме марката“, соопштија од поштата.