Во Музејот на современата уметност во Скопје свечено беше отворена изложбата „Тапети“, која обединува 70 дела од збирките на ЕВН Австрија и МСУ. Изложбата е по повод 30 години на ЕВН колекцијата.
Поставката вклучува дела од меѓународни и македонски уметници и го отсликува долгогодишното културно партнерство помеѓу Македонија и Австрија.

На настанот присуствуваа и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Австрија, Штефан Шишковиц, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Мајер, рече дека изложбата симболично поврзува два јубилеи: 30 години на ЕВН колекцијата и 20 години присуство на компанијата на македонскиот пазар.
Изложбата ќе биде отворена до 15 јули,