ВИТНИ ХЈУСТОН ГО ДОБИ ТРЕТИОТ АЛБУМ СО ДИЈАМАНТСКИ СТАТУС

Њујорк, (АП)

Витни Хјустон постхумно го заработи својот трет дијамантски албум и со тоа стана прва црномуреста пејачка која постигнала ваков успех.

Американската асоцијација на музички издавачи соопшти дека и албумот „Витни“ од 1987 стекнал дијамантски статус, што значи дека се продал во 10 милиони примероци. Деби албумот „Витни Хјустон“ од 1985 се продаде во 13 милиони примероци, а саундтракот за филмот „Телохранител“ во 18 милиони.

Кантри ѕвездата Гарт Брукс го држи рекордот со девет дијамантски албуми, а меѓу музичарите кои имаат по три или повеќе се „Битлс“, „Лед цепелин“, Шанаја Твејн и „Иглс“.